Бранителот на трофејот во македонската кошарка, МЗТ Скопје со победа 80-74 ја отвори полуфиналната серија со дебитантот во плејофот Блокотехна.

„Штрковите“ до почетното водство стигнаа благодарание на добриот шут од поле. Домашните кошаркари погодија 17 од 34-те шутеви за три поени. Гостите кои добро парираа немаа одговор за домашните тројки и мораа да пуштат рака на крајот од дуелот.

Најпрецизен со фантастични 27 поени во домашниот состав беше Марко Симоноски, а 17 уфрли Бојан Трајковски. Кај гостите најефикасен беше Стојан Ѓуроски со 21 поен.

Полуфиналните возбудувањата во плејофот продолжуваат утре (среда) со дуелот помеѓу Работнички – Куманово.

Фото: Гол.мк
OhridNews