Второто, според квалитет кошаркарско натпреварување на Стариот
континент, во новата сезона ќе брои 48 екипи кои ќе бидат поделени во
осум групи.
МЗТ Скопје Аеродром во изминатите две сезони доминираше во домашното
првенство, а во сезоната која неодамна заврши имаше успешен настап и во
регионалната Јадранска лига, каде го освои седмото место.