Актуелниот кошаркарски шампион во Македонија, МЗТ Скопје се искачи на втората позиција на табелата во Супер лигата победувајќи го составот на Блокотехна во дербито на колото со 87-73.
Кошаркарите на Блокотехна имаа фантастичен почеток на натпреварот и поведоа со високи 19 поени разлика (26-7), а четвртината им припадна со 27-11. „Штрковите“ во втората четвртина возвратија со 29-9 за презамање на водството после 20 минути игра (40-36).
Третиот квартал одново понуди возбудувања и изедначување на водството, откако Блокотехна со 25-21 стигна до егал. Во решавачкиот квартал „штрковите“ блеснаа и на крајот натпреварот го добија со убедливи 14 поени разлика.
Синовец со 22 и Крафорд со 21 поен беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека во тимот на Блокотехна најпрецизни беше Бенџамин Двејн со 26 кошеви.
OhridNews