Најголемите македонски партии викендов ќе ги промовираат кандидатските листи за пратеници
30.03.24 12:51
Најголемите македонски партии викендов ќе ги промовираат кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе ги промовира кандидатите за пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, а според најавите, СДСМ утре ќе ги промовира листите за пратеници на Коалицијата за европска иднина.
Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, веќе се искристализирани пет коалиции и две партии кои ќе одат самостојно. На помалку од една недела до официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се коалицииите – „Коалиција за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и коалицијата „ВРЕДИ“ на албанската опозиција. Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ – За наша Македонија и партијата „Левица“.
Учесниците на изборите до 2 април треба да ги достават кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија. Парламентарните избори се закажани за 8 мај, а следната недела на 4 април почнува и изборната кампања за седмите претседателски избори за кои во првиот круг ќе се гласа на 24 април.
На 86-годишна возраст почина Наум Бурназ, доајен на македонската изворна музика, чиј глас со децении беше препознатлив симбол на традицијата и музичкото наследство Бурназ неуморно работеше на афирм...
Како одговор на прогласената епидемија и 30-дневната кризна состојба во Гостивар, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид информира дека се приклучува на граѓанската иницијатива за итна по...
Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.