Речиси 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици.

Поради невремето загинаа неколку лица. Осуммина во Арканзас, седуммина во Тексас, двајца во Оклахома и петмина во Кентаки.
Националната метеоролошка служба исто така прогнозира дека денеска над Тексас може да се развијат силни грмотевици, со налети на ветер чија брзина може да достигне 120 километри на час.
На југот на земјата ќе продолжи жешкото време и се очекуваат рекордно високи температури.
OhridNews
фото. МИА











