Најмногу срцеви удари се случуваат во РЕМ-фазата на сонот
12.06.24 09:46
Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, според научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан.
Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен. Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород.
Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope).
Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска најави дека во месеците кои што следат македонските граѓани може да очекуваат вклучување нови лекови на позитивната листа Но, мораме да бидеме св...
Претстојниот продожен викенд, по повод празникот „1 Мај“, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите Дел од граѓаните ќе останат во своите домов...
По повод Велигденските празници и продолжениот викенд се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено кон туристичките места Во оваа насока Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.