Како што информираат од центарот, прв од филмовите кои ќе бидат прикажани е “Парада ” во режија Срѓан Драгоевиќ, чии проекции љубителите на филмската уметност ќе можат да ги проследат до 2- ри март.
Од Центарот за култура и за оваа сезона најавуваат богата понуда на филмови од домашна и странска продукција за кои се надеваат дека ќе го привлечат вниманието на охридската публика.