Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ информираат дека општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ , годинава ќе се одржи на 10-ти октомври, со почеток во 12 часот, во просториите на Библиотеката. Право на учество на овој натпревар имаат членовите на библиотеките од Основните училишта од Охрид и околината и членовите на охридската библиотека до 14 годишна возраст.
Комисијата ги повикува сите ученици кои имаат интерес за учество во натпреварот за подготовка да го користат прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески, кој може да го изнајмат од Библиотеката.
Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите ќе одговараат писмено за време од еден час. Најдобриот натпреварувач ќе го представува градов на републичкиот натпревар кој традиционално го организира Библиотекарското здружение на Македонија, што годинава ќе се одржи на 24 октомври во локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.
OhridNews