Денеска во Охрид на 102-годишна возраст почина македонскиот првоборец Илија Дуновски, учесник во Народноослободителната и антифашистичка борба од 1941 година.

Дуновски, кој е роден во 1924 година во Охрид, е носител на Партизанска споменица 1941 и еден од основачите и членови на Првата македонска ударна бригада – формирана за ослободување на Македонија. Дел е и од 15-от Македонски корпус како учесник на Сремскиот фронт за конечно ослободување од фашистичкиот окупатор. На тој начин силно се втемелува во изградбата на современата македонска држава.
Токму за својата храброст за време на Втората светска војна е добитник на бројни воени и општествени одликувања и признанија, меѓу кои и Орденот за храброст од поранешна СФРЈ.
По повод државниот празник Илинден, на 2 август 2022 година, Дуновски беше одликуван и со највисокото државно признание – Медал за храброст од страна на тогашниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Признанието му беше доделено за неговата пожртвуваност и животна посветеност на високите цели на заедницата, како и за неговиот целокупен влог во слободата на македонскиот народ.
Ќе остане запаметен по неговата секогаш препознатлива девиза: „Војната, како и сите животни битки, не се добиваат со оружје, туку со срце“.
Погребот на Илија Дуновски ќе биде утре (9 септември) од 13 часот на Градските гробишта во неговиот роден Охрид.
OhridNews












