Од министерството за транспорт и врски информираат дека, во соработка со министерството за здравство, на 14 јули, во Охрид, ќе се изврши втората  авиодезинсекција, прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид.  Прскањето во општина  Охрид ќе се изврши на површина од 1500 хектари.

Препаратот за прскање (Аква К-отрин) кој ќе се употреби при престојното прскање, е со брзо почетно дејство, висока ефикасност, минимална доза и со висок коефициент на безбедност, согласно препораките на Светската здравствена организација за заштита на населението и неговата животна средина.

Прскање против комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција), се изврши и во месец јуни, во пресрет на летниот период и туристичката сезона, се со цел да се намали присуството на комарци.

OhridNews