За точно три седмици односно на 17 јуни ќе се рестартираат натпреварите во најквалитетната фудбалска лига во Англија, позната како Премиер лига.

Возбудувањата во лулката на фудбалот како и во поголем број на земји во Евроа беа прекинати поради пандемијата на вирусот Ковид -19.

Инфомацијата за рестартирањето, сигурно, најмногу ќе ги израдува фудбалерите на Ливерпул, кои се наоѓаат на чекор од освојување на титулата во Англија.

На 17 јуни на програмата има два натпревари (Манчестер Сити – Арсенал и Астон Вила – Шефилд Јунајтед) а потоа мечеви има на 19, 20, 21 и 22 јуни.

До крајот на англискиот шампионат остануваат уште девет рунди.

OhridNews