Управата за јавни приходи продолжува со обуките за Е- даноци. Во Охрид е предвидено да се оддржи на 18- ти декември со почеток во 12 часот во Даночното одделение.

Обуките се без финансиски надомест, а заинтересираните за учество може да се пријават најдоцна два дена пред оддржувањето. Од УЈП потенцираат дека обуките се наменети за правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа кои треба да имаат основни познавања од интернет комуникацијата.Во рамки на едновната обука ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е- услугите на УЈП.

Освен во Охрид, во текот на месец  декември обуки ќе се оддржат и во Битола, Прилеп, Гевгелија, Скопје, Делчево, Штип, Кичево, Тетово, Велес, Струмица, Кочани, Куманово и Гостивар.

OhridNews