Со цел непречено одржување на манифестацијата по повод празникот Богојавление-Водици, охридската Капетанија ги  известува сопствениците на пловни објекти, сидра и бови, кои се засидрени/приврзани во внатрешниот дел од пристаништето во Охрид, истите да ги отстранат од овој простор и тоа на 19- ти од 08 – 14 часот  и  20- ти од 09 – 14 часот.

– Непочитувањето на соопштението од страна на сопствениците на пловните објекти е прекршок казнив согласно Законот за внатрешната пловидба, потенцираат од охридската капетанија.

OhridNews