Од 20 декември стартува забраната за лов на белвица во Охридското Езеро, а во тек е и забраната која се однесува на ловот на пастрмката.
Како што информираат од „Пастрмка 2012“, претпријатието кое стопанисува со езерото, од 20 јануари ќе почне и собирањето на икра за вештачки мрест на пастрмката.
– Изловот на пастрмка за оваа цел од охридскиот дел на езерото ќе го вршиме во соработка со Хидробиолошкиот институт, додека пак во струшкиот дел заедно со надлежните од Институтот за сточарство, велат од „Пастрмка 2012“.
Оттаму, потенцираат дека подготовките за вештачкиот мрест се во тек и дека основниот акцент ќе биде ставен на заштитата на рибниот фонд на ендемските видови риба- пастрмката и белвицата.
Забраната за лов на пастрмка и белвица ќе трае до 20 март 2014.
OhridNews