На 23 септември ќе се одржат најновите “Охридски староградски средби” на кои ќе настапат 11 ансамбли од Македонија, меѓу кои и охридскиот “Билјана” придружуван од Петар Нечоски. Предвидено е да гостува и еден ансамбл од Поградец- Албанија.

Како што информираат од Центарот за култура “Григор Прличев”, кои се организатори на манифестацијата, и годинава ќе биде понудена богата програма која ќе го привлече вниманието на љубителите на староградската автентична македонска песна.


“Охридски староградски средби” е фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид. Востановени се во 1974 година, а непрекинато постоеја до 1994 година, за повторно да бидат обновени во 2008 година со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Ohridnews