Централното одбележување од значајниот јубилеј, 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија, ќе се одржи на 27 мај во катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Св. Софија“ во Охрид. Одлуката ја донесе Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква–Охридска Архиепископија на една од своите редовни седници.
Со оглед на важноста на милениумски неповторливиот јубилеј, како во рамките на Република Македонија, така и во цела Европа, Владата на Република Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување на јуби¬лејот 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија од страна на државата, со претставници од следните институции: Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Македонија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Право¬славниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.
OhridNews












