Приемната канцеларија на Општина Охрид на 3, 4 и 5 јануари 2011 година е отворена за граѓаните во времето од 9 до 15 часот.Во приемната канцеларија има претставници на сите сектори на локалната администрација и секој заинтересиран доколку има потреба може да се информира или да поднесе документи  кои се врзани со определен рок, информираат од локалната самоуправа.

Останатиот дел на вработените од Локалната самоуправа не се на работа и трите дена со кои се поврзаа новогодишните и бижиќните празници ќе им се сметаат како искористени денови од годишниот одмор.На вакво решение локалната самоуправа се одлучи поради фактот што најголемиот дел од фирмите ги споија празниците, а за  граѓаните кои имаат постапки поврзани со рокови е отворена приемната канцеларија што се наоѓа на влезот во општинската зграда, објаснуваат од Одделението за односи со јавност на општина Охрид.

OhridNews