Изборната кампања започнува на 4-ти март, а ќе заврши на 22-ри на полноќ, известуваат од Државната изборна комисија. Вчера вечер, ДИК го усвои роковникот за извршување дејства, со што започна течењето на роковите од денот на објавување во Службеник весник.

Јавниот увид во избирачкиот список ќе биде можен во подрачните одделенија и месните канцеларии од 26-ти овој месец, па се до 9-ти февруари. Инаку, списокот ќе биде заклучен на 24-ти февруари на полноќ.
OhridNews










