Патешествието на охридското семејство Нически за лекување на малата Сандра продолжува.

На 9-годишната Сандра пред година и половина и била дијагностцирана болеста  Myelodysplastic syndromes (MDS)- група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките во коскената срж, т.е. не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави клетки.

Вообичаен третман на лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиники ширум Европа, ги чинеше родителите повеќе од 200.000,00 еур- сопствени средства, поддршка од ФЗО, средства од кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници.

Патешествието на малата Сандра Ническа за жал е далеку од завршено. Трансплантацијата на коскената срж, иако успешно спроведена доведе до ново заболување наречено хроничен Graft versus host disease (GvHD) на црниот дроб- синдром кој се јавува пост трансплантација на коскена срж од несроден донор, при кој белите крвни клетки од имуниот систем на донорот, кои остануваат во пресаденото ткиво, не го препознаваат примателот, т.е. новиот домаќин на ткивото и ги напаѓаат неговите клетки, предизвикувајќи животно загрозувачки последици.

Семејството, веќе на крај на своите сили е пред нов огромен предизвик, овојпат соочувајќи се и со потреба од дополнителни финансиски средства, заради спас на своето мало анѓелче, кое во изминатата година и пол преживеа повеќе од што просечна особа би проживеала во цел свој животен век.

Третманот што ветува искоренување на GvHD синдромот ќе повлече повеќе од 100.000,00 евра додатни средства, за кои родителите на Сандра веќе немаат опции да ги обезбедат (ФЗО ја одби нивната апликација за средства за дополнително лекување).

Родителите и Сандра во моментов се на лекување на клиниката Yeditepe University Hospital во Истанбул. Неопходна им е нашата поддршка. Бидете хумани, донирајте за да и помогнеме на Сандра!Донирајте на следната жиро сметка:

Ленче Ническа

                200002729851107, с-ка во МКД валута, депонент Стопанска Банка АД Скопје

                 МК07200002729853241 ЕУР, Swift: STOBMK2X, за девизни дознаки

За  Македонски Телеком  143 127

За претплатниците на А1 бројот е : 143 470