Сервис на АД „Галеб“

2019-05-09 12:00 - 2019-05-09 15:00

Во рамки на активностите за одбележување на јубилејниот десетти роденден, Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид во четврток, 9 мај, организира акција за собирање електричен и електронски отпад.

Акцијата ќе се спроведе на паркингот од сервисот на АД „Галеб“ на ул. „15 Корпус“ во периодот од 12 до 15 часот.

Граѓаните и компаниите кои имаат електричен и електронски отпад тука ќе може да го одложат, од каде истиот соодветно ќе биде депониран.

OhridNews