Централниот регистар на Македонија по втор пат оваа година спроведува акција „Отворени денови на Централниот регистар“ во регистрационите канцеларии ширум Република Македонија.

Отворените денови во Охрид и Струга ќе се одржат на 9- ти јануари, четврток, при што тимови од централата на Централниот регистар ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања. Заинтересираните ќе можат да се информираат за измените во законската регулатива, како и за останати прашања поврзани со работењето на Централниот регистар.

OhridNews