Како што информираат од локалната самоуправа, на оваа улица најпрво е предвидено поставување на канализациона и водоводна мрежа, а потоа и нејзино асфалтирање. За започнување на вакви зафати сеуште нема точно определен термин.
Жителите од „Абас Емин“ апелираат што поскоро улицата да биде реконструирана.
– „Абас Емин“ како да е заборавена од страна на надлежните. Кога и да се прават зафати за санирање на улиците во Охрид, оваа улица се изоставува. Поради тоа што е во многу лоша состојба, многумина избегнуваат да возат по неа, затоа што си ги оштетуваат возилата, вели жител од оваа улица.
Она што е извесно- е дека ќе се врши крпење и санирање на дупките на оваа, една од најфреквентните улици во градот.













