Поради обилните дождови и невремето кои се очекуваат во поголем дел од Јадранот, на сила е црвен метео аларм, додека за останатите делови на Хрватска вклучен е жолт аларм, пренесе српски „Блиц“.

Најлошо, според прогнозите, ќе биде на Истра, каде денеска јужниот ветер е засилен, а во Лабин е измерен ударот на ветерот од 96 километри на ачс, пренесе Индекс.хр.

На Истра утре се очекува невреме со силен јужен ветер, а како што наведува државната метеоролошка служба, средната брзина на ветрот ќе изнесува до 90 километри на час, а најсилниот удар ќе биде над таа брзина.

Исто така, се очекува и обилни врнежи од дожд, некаде и повеќе од 100 литри по квадратен метар. Големи количини дожд се очекуваат и во далматинското крејбрежје.