Водителката Оливера Трајковска на Фејсбук објави дека емисијата Win-win повеќе нема да се емитува на телевизијата Алфа.

“Ве информирам дека емисијата Win-Win е прекината и повеќе нема да се емитува на Алфа телевизија!

Доколку циклусот емисии продолжи да се емитува на друга телевизиска фрекфенција, пред завршувањето на оваа сезона, ќе бидете навремено информирани.“-обајави на својот Фејсбук профил, новинарката Оливера Трајковска.

На Алфа повеќе нема да оди ниту емисијата „Збор по збор“ на Зоран Иванов кој неодамна отстапи од уредничката позиција.

Како што пренесуваат повеќе скопски портали, покрај овие промени во Алфа трансферирале и новинари од „Сител“ и „Вечер“.

OhridNews