На Англичаните може да им биде забрането да присуствуваат на фудбалски натпревари поради расистички говор на Интернет
27.12.21 08:38
Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател предложи закон според кој за расистички навреди на Интернет на лице може да му биде забрането да присуствува на фудбалски натпревари до 10 години.
Ова лето видовме одличен натпревар кој беше нарушен со расистички говор на Интернет. Овие луѓе се криеја зад нивните тастатури и ги навредуваа играчите на Англија. Фудбалот предолго е извалкан со расизам. Луѓето треба да одговараат за своите постапки на Интернет. Предложените измени во законот ќе воведат забрана за присуство на фудбалски натпревари за прекршителите, рече Пател за „Sky Sports“.
Претходно, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се пожали на расистички навреди кон англиските фудбалери по финалниот натпревар на Евро 2020 против репрезентацијата на Италија (1:1, 2:3 пенали). По натпреварот, навивачите ги навредуваа Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, кои промашија пенали.
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена Исто така во два дена играме два натпревари Се надеваме дека на првиот натпревар можеме д...
Во сабота на „Билјанини Извори“ во рамки на 12 коло од 2 МФЛ ќе биде одиграно дерби помеѓу Охрид и Беласица Пред фудбалерите на Охрид е уште еден важен натпревар во борбата за пласман во Првата лиг...