На 9-ти и 10-ти Август во Античкиот Театар во Охрид, со почеток во 21.30 часот, ќе се одржи дванаесетото по ред издание на традиционалниот музички фестивал Balkan Music Square.

Горан Алачки

Првата фестивалска вечер ќе ја отвори виртуозот на хармоника Горан Алачки, а по него ќе настапи српската група “Златопис” од Белград, предводена од рок легендата Љуба Нинковиќ.


Златопис

И оваа година влезот е бесплатен.

Фестивалот е во организација на „Трето уво“, а  е потпомогнат од Министерство за култура на Република Македонија, Општина Охрид и спонзори