Кичевчанецот Д.М.(34) заработи кривична пријава за сторено кривично дело „измамување на купувачи“.
Според СВР Охрид, пријавениот во текот на 2011 година, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Сливови Анови“, на отворен простор продавал вештачки производи од мед.
Во септември 2011 година, при извршена контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, истиот е затекнат на продажно место со поголема количина мед, без декларација.