Новиот Закон за безбедност во сообраќајот стапи на сила вчера. Измените се однесуваат и на максимално дозволената брзина на автопатиштата која од 120 се зголемува на 130 километри на час и од 100 на 110 километри на час.
Овие брзини важат само за двете насоки на делниците Скопје-Петровец, Скопје-Миладиновци и Скопје-Тетово. Со овој потег се очекува да се намали бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од возила кои се движат бавно по автопатиштата.
Измените се направени по иницијатива на Министерството за внатрешни работи а нивната цел е да се зголеми пропусната моќ на автопатиштата во Македонија.












