Центар за култура „Григор Прличев“

Од 26.02.2021 - 19:00 до 27.02.2021 - 19:00

Поради зголемениот интерес за новата премиера на Народен Театар Охрид, претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, на задоволство на публиката повторно е на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид. Таа ќе биде изведена во два термина, овој пето и сабота, 26 и 27 февруари,  со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари, информира НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.

Во претставата играат: Гејб – Ивица Цонев, Џуди – Елизабета Стефановска, Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски. Сценографијата е на Борис Далчев и Ванчо Василев, костимограф е Ванчо Василев, а изборот на музика го направи Драгана Таневска.

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска.

Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од 22 февруари, понеделник,  на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе биде изведена согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.