Утрово припадници на Министерство за внатрешни работи на Граничниот премин Блаце го уапсија поранешниот вицепремиер Артан Груби.
Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, информираат од МВР.
Груби се гони за проневера во служба во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.
Од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.
OhridNews













