На 4 пункта, односно работни бази, ќе се одвиваат различни сценарија.
Првата база е наречена Промоција на здрав живот. На истата волонтерите- лекари на Општинската организација на Црвен крст Охрид ќе вршат мерење на крвен притисок и шеќер во крвта а секој граѓанин ќе има можност да добие медицински совети за здравата исхрана, индекс на телесна маса (БМИ), сексуално преносливи болести и контрацепција.
На втората база т.н. Инфо база, ќе бидат презентирани сите активности на Црвениот крст согласно програмите по кои работат. На оваа база граѓаните можат да добијат информации за курсевите по Прва помош кои се организираат во Општинските организации на Црвениот крст на територија на Р.Македонија.
Третата база, е замислена како Симулациска база, односно место на кое ќе се изведат неколку симулациски вежби со реалистично прикажување на повреди кои ќе бидат санирани од страна на тимот за Прва помош на ЦКРМ. Секој граѓанин ќе има можност дирекно да се запознае со постапките за пружање прва помош.
На четвртата база ќе биде презентирана опремата која ја користат спасителите на вода како и опремата за спасување на Противпожарната единица на Охрид.