Неколку граѓани и вработени од охридската Противпожарна единица  успеаја за кратко време да спречат настанување на поголема материјална штета на возило кое вчера беше опожарено на улицата „Даме Груев“.


И покрај првичната паника на граѓаните, со употреба на противпожарни апарати и интервенција на Противпожарните служби, пожарот кој избил најверојатно поради преоптовареност на моторот на возилото, набрзо по избувнувањето беше изгаснат. 

OhridNews