Од 11:35 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Исто така се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, како и задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража, информира АМСМ.

Утрово укината е забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Велес-Катланово, како и забраната за тешки моторни возила на планински превој Ѓавато и Буково и Прилеп – Градско преку планинскиот премин Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец K.Паланка-Деве Баир и на патниот правец М. Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, крак Стража-Кичево, Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е прооден за сообраќај за сите возила.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите, соопшти АМСМ.

OhridNews