На 4 октомври 1986.година, во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, се одржал Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) бил избран за трет по ред Архиепископ охридски и македонски – поглавар на Македонската православна црква.

Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положил свечена заклетва и му биле врачени архиепископските обележја.

Прв поглавар на Македонската православна црква бил обновувачот на Охридската архиепископија и организатор на Македонската православна црква архиепископот г.г. Доситеј (Димитар Стојковски), втор архиепископот г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), четврти г.г. Михаил (Методи Гогов) и петти г.г. Стефан (Стојан Велјановски).

OhridNews