Во среда, во рамки на акцијата Засади ја својата иднина, во општина Охрид ќе се садат дрвца на една локација- во Долно Лакочереј.

Граѓаните кои сакаат да учествуваат во акцијата ќе може да го користат бесплатно организираниот превоз кој се обезбедува од страна на организаторите.

За оваа намена два автобуси ќе поаѓаат од пред Електро- машинскиот училишен центар “Св. Наум Охридски”, угостителското училиште “Ванчо Питошески”,  гимназиијата “Св. Климент Охридски” и еден автобус од пред општинската зграда.

Автобусите од овие локации ќе тргнат во 8 часот, а ќе ротираат на секои два часа.

Во општина Струга акцијата ќе се реализира во месноста викана Октишка краста.

OhridNews