Првиот уписен рок на идните студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е на 30, 31.08 и 01.09.2021. Вториот уписен рок е на 15 и 16.09.2021, додека третиот на 27.09.2021. Слободни има вкупно 390 места во државната квота, како и во квотите со ко-финансирање и вонредни студии.

Идните бруцоши на ФТУ можат да бираат помеѓу студиски програми: туризам каде има слободни 95 места, осигурување – 70, хотелско ресторанска насока – 40, царина и шпедиција – 60, гастрономија – 30, менаџмент во услужниот сектор – 55, студиска програма по англиски јазик во смерот туризам – 20 и во смерот царина и шпедиција – 20.

Според објавениот конкурс, ФТУ -Охрид во редовната државна квота ќе се запишат 195 студенти кои ќе партиципираат со по 200 евра. Во редовната квота со кофинансирање во висина од 400 евра ќе можат да се запишат 110 студенти, а вонредно ќе можат да студираат 85 студенти. За тоа тие ќе треба да одвојат 400 евра.

Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 6.09.2021, додека за вториот и третиот уписен рок на 22.09 и на 30.09.2021.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид има место за упис на 440 студенти во студиската 2021/2022 година. Компјутерски науки и инженерство 31 студент со три години студии во државна, квота со ко-финансирање и вонредна, додека 49 со четири години студии. Комуникациски мрежи и безбедност 31 студент со три и 49 студенти со 4 години студии во трите квоти.Машинска интелигенција и роботика 26 студенти со три и 44 со четири години студии.

Применети информатичко-комуникациски технологии (Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура) три годишни студии има место за 50 студенти, во трите квоти. Информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника – 31 со три годишни студии и 49 со четири годишни студии. Информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент четири годишни студии – 80 студенти.

Првиот уписен рок и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид во учебната 2021/2022 година, е на 30, 31.08.2021 и 01.09.2021, додека вториот и третиот рок се на 20 и 21.09.2021 и 30.09.2021.

Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 6.09.2021, додека за вториот и третиот уписен рок на 22.09 и на 01.10.2021.

Н.С.Ј