Македонските навивачи ќе можат да патуваат само со лични карти во Ниш на Европското првенство во ракомет, чиј домаќин ќе биде Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека доколку во двете земји не се ратификува договорот за поминување на границите само со лична карта, со согласност на владите на двете земји, македонските навивачи ќе ги минуваат границите само со лични карти.

Досега во Македонија, според податоците на српската ракометната федерација, се купени околу 3.000 карти за претстојното првенство, што значи дека македонските навивачи ќе бидат најбројни.

Министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкулоска со својот српски колега потпишаа Протокол за соработка.  Според овој протокол, македонските полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското ракоментно првенство кое ќе се одржи идниот месец, од 15. до 29. јануари.

Ohridnews