На Евробаскетот 2013 година, место 16 ќе играат 24 репрезентации
31.05.10 17:35
Челните луѓе на меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА Европа) ја прифатија идејата на Македонската кошаркарска федерација и донесоa одлука за зголемување на бројот на екипите од 16 на 24 за Европското првенство кое ќе се игра 2013 година.
Евробаскетот во Литванија 2011 година е последниот со 16 репрезентации кои ќе се борат за насловот. Во трката за домаќин на првенството 2013 година се Хрватска, БиХ, Словенија, Чешка, Италија и Словенија.
Според новото правило селекторот ќе може да поведе 14 кошаркари, а на еден час пред стартот ќе именува 12 на кои ќе смета за дуелот.
Проширувањето на бројот на патниците ќе биде добредојден за Македонија, која летово преку групата Б ќе се обиде да стигне до Литванија. Покрај Македонија во групата се Велика Британија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Украина. Првопласираната екипа по 8 кола се пласира директно во Литванија, додека место за директен пат на Балтикот ќе имаат и двете најдобри второпласирани селекции од трите групи.
На 2 август традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи малиот Илинденскиот пливачки маратон во организација на ПК “Охридски бранови 2008”-Oхрид Како и секоја ...
Извлечени паровите за ЕХФ Европскиот Куп Во второто коло ГРК Охрид ќе се соочи со РК Баки од Азербејџан Првата средба (11/12102025) е на гостински терен, додека втората средба (18/19102025) е на до...
Натпреварите од 20-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ почнуваат утре, 16 јули На првиот ден на програмата ќе бидат четири натпревари, а турнирот ќе биде отворен со м...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.