Челните луѓе на меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА Европа) ја прифатија идејата на Македонската кошаркарска федерација и донесоa одлука за зголемување на бројот на екипите од 16 на 24 за Европското првенство кое ќе се игра 2013 година.

Евробаскетот во Литванија 2011 година е последниот со 16 репрезентации кои ќе се борат за насловот. Во трката за домаќин на првенството 2013 година се Хрватска, БиХ, Словенија, Чешка, Италија и Словенија.

Според новото правило селекторот ќе може да поведе 14 кошаркари, а на еден час пред стартот ќе именува 12 на кои ќе смета за дуелот.

Проширувањето на бројот на патниците ќе биде добредојден за Македонија, која летово преку групата Б ќе се обиде да стигне до Литванија.  Покрај Македонија во групата се  Велика Британија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Украина. Првопласираната екипа по 8 кола се пласира директно во Литванија, додека место за директен пат на Балтикот ќе имаат и двете најдобри второпласирани селекции од трите групи.

Ohridnews