Врз основа на судска наредба, вчера, полициски службеници извршиле претрес во фарма сопственост на лице од струшкото село Корошишта.

При претресот  на фармата која се наоѓа на место викано „Вогељ Чешме“, под пластениците биле пронајдени 10 стебла најверојатно од растението „Канабис Сатива“.

Лицето е лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews