Во утврдувањето на структурата на слободните места кои ќе се финансираат од Буџетот на Република Македонија, од Владата информираат дека особено внимание се посветува на струките кои се дефицитарни на пазарот на трудот во Република Македонија, струки кои според анализите ќе претставуваат занимања кои ќе бидат актуелни и барани во иднина.
Годинава, Владата на Република Македонија за студиската 2012/2013 година утврди вкупно 29.043 слободни места за запишување на студенти на јавните универзитети во Република Македонија, од кои 17.406 слободни места за запишување во квотата за редовни студенти на јавните високообразовни установи, 7790 слободни места за квотата – редовни студенти со кофинансирање и 3847 слободни места за вонредните студенти.
На Факултетот за туризам и угостителство во новата учебна година предвидени се вкупно 320 слободни места, од кои како редовни студенти во државна квота ќе може да се запишат 125 , редовни со кофинансирање 145 и вонредни студенти 50.
За насоката Туризам предвидени се вкупно 80 слободни места, за Осигурување 50, Хотелско- ресторантската насока 35, за Студентската програма за царина и шпедиција 35 и за Гастрономија, исхрана и диететика 25.
На Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле, во новата учебна година има слободни места за вкупно 300 нови студенти, од кои 220 ќе може да се запишат како редовни и 80 редовни со кофинансирање.
Од нив, 60 ќе може да се запишат на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, а исто толкав број и на Факултетите за комуникациски мрежи и безбедност, Машинска интелегенција и роботика, Информациони системи визуелизација, Мултимедија и анимација и на Факултетот за теории и анализи.