
По тој повод повод беше потпишан договор помеѓу ФТУ и полициската академија во Скопје. Конкурсот ќе биде распишан идната недела, студиите започнуваат во зимскиот семестар 2007-2008 година и се очекува прием на околку 200 студенти од Македонија и соседните држави.
Според деканот на факултетот, проф. д-р Софроние Миладиноски, програмата ќе се изведува според Болоњските принципи и стандарди. Деканот на полициската академија Драгослав Ортановски смета дека се работи за атрактивна студиска програма од областа на економско безбедносни и кривични науки и ќе се добие кадар кој и недостасува на Македонија.
Директорот на полициската академија Слаѓана Тасева нагласува дека ова е втора ваква студиска програма во Европа по таа која се изведува на Норвешката полициска академија.
Г.М.











