На Факултетот за туризам и угостителство Охрид се одржаа серија на стручни предавања на учениците од СОСУ “Св. Кирил и Методиј”-Охрид.
Предавањата се резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции, иницирана од страна на проф. д-р Александар Трајков и проф. Горан Попоски.
Предавањата беа одржани од страна на доц. д-р Бојан Србиноски и проф. д-р Александар Трајков, а паралелно, Деканот на ФТУ – Охрид проф. д-р Снежана Дичевска оствари средба со претставници на училиштето на која беа договорани и други форми на соработка, информираат од ФТУ Охрид.
OhridNews














