По повод православниот празник Св Трифун и празникот на љубовта Св. Валентин, Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и студентскиот парламент организираа забава под мото „Да се опиеме со љубов“.

На забавата студентите презентираа гастрономски вештини и анимација на гости.

 Студентите подготвија слатки колачиња во вид на срце и пушуваа љубовни пораки, а најдобрата беше наградена со вино. За атмосферата се погрижи триото Владо, Стефан и Кико.

OhridNews