Утре започнува трката за запишување на еден од државните универзитети во земјава каде бројот на вкупни слободни места е 30. 011.

Од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид информираат дека се е подготвено за уписите да започнат и дека како и секоја учебна година, така и оваа, очекуваат голем интерес за запишување на овој факултет.

Првиот уписен рок на ФТУ- Охрид ќе се одржи во наредните два дена, додека пак прелиминарната ранг листа ќе биде објавена на 22- ри август.


На Факултетот за туризам и угостителство- Охрид со дисперзирани студии во Велес вкупно ќе можат да се запишат 785 студенти, од кои 545 ќе студираат во Охрид.

На студиската програма за туризам во Охрид, предвидени се вкупно 125 слободни места, од кои 30 во државна квота, 85 со кофинансирање и 10 вонредни студенти.

На насоката осигурување ќе можат да се запишат вкупно 85, од кои 25 редовни, 50 со кофинансирање и 10 вонредни студенти.
40 студенти ќе може да се запишат на хотелско- ресторанската насока, од кои 12 слободни места се за редовните студенти, 22 со кофинансирање и 6 вонредни.

На Царина и шпедиција има 50 слободни места, за 10 редовни студенти, 35 со кофинансирање и и 5 вонредни.

На Гастрономија и диететика ќе може да се запишат вкупно 25 студенти, на Безбедност и финансиска контрола 150 студенти, а 70 слободни места се предвидени се стручните студии по грастрономија. 

Вториот уписен рок на ФТУ- Охрид ќе се одржи на 1- ви и 2- ри септември. Доколку останат слободни места и по овој уписен рок, третиот е на 15- ти септември.

OhridNews