На Факултетот за туризам и угостителство – ФТУ – Охрид, заврши првиот уписен рок. Пријавени се 172 кандидати на седум студиски програми.

На студиската програма Царина и шпедиција има места само за вонредни студенти. На студиската програма Безбедност и финансиска контрола пополнета е државната квота.

На 23-ту август ќе бидат објавени конечните резултати од првиот уписен рок.

Вториот уписен рок е на 1 и 4 септември, на кој може да се пријават и кандидати со завршена училишна матура.

OhridNews