ЈУНП „Галичица“ им соопштува на сите жители на Охрид и сите гости кои престојуваат во Охрид, а планираат за време на викендот да го посетат националниот парк, дека треба да подигнат одобрение . Тоа можат да го направат во Дирекцијата на националниот парк  денес -21.07. и утре – 22.07. 2011 година.

Националното координативно тело за заштита од пожари деновиве донесе одлука за ограничување на движењето во шуми поради опасност од пожари, што ги опфаќа и националните паркови, каде присуството е дозволњно само со одобрение.

Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корисникот на шумите, се движи од 2.000 до 3.000 евра, додека за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

OhridNews