Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, наскоро ќе ги посети туристичките атракции на Македонија. Ова таа и го ветила на македонската делегација на неодамна заvрепниот саем за туризам во Белград, на кој таа била специјален гостин на македонскиот штанд. Принцезата била воодушевена од  вкусот на македонските вина  и македонското сирење, како и кутурно-историските вредности и севкупните  туристички  потенцијали на Македонија кои и биле презентирани.

– Со особено задоволство  ја прифаќам поканата да  бидам почесен гостин на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, во месец мај, оваа година и одблиску да ги доживеам убавините на Македонија.-изјавила принцезата  Јелисавета Караѓорѓевиќ.

      

Инаку на саемот во Белград на специјален штанд од 23-26 февруари, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ), во соработка со ХОТАМ, Ресторан Острово Свети Наум, Винарија Попова Кула и  ТА  Савана  ги претстави туристичките потенцијали на Македонија.


Според Ана Стојкова, економски промотор на Република  Македонија, нашата земја е омилена туристичка дестинација за српските туристи, кои ни се многу блиски по менталитет и култура.

– По успешната промоција на Саемот во Белград, се очекува  српските туристи повторно да бидат  најбројни во Македонија, смета Стојкова.


Конзулот на Република Македонија  во Србија, Марјан Јованоски, очекувапреку програмата  за субвенционирање, како една од поддршките на АППТ,  дополнително зголемување на посетеноста на Македонија од страна на српските туристи, како и проширување на понудата.

OhridNews