Ј.П. „Охридски Комуналец“    постави   15   нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот  кеј, на   потегот од   градското   пристаниште   до Холандскиот     Парк.   

 

Корпите    се  донација    од  АД „Пакомак“-Скопје, како резултат на долгогодишната соработка со „Охридски Комуналец“ во областа на селектирање на амбалажниот    отпад ,    односно     пластичниот     отпад,   хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.

Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и  пепелник  за  цигари:   едниот  сад , кој е затворен со посебен отвор на горниот дел, е   наменет за селекција и депонирање на пластични шишиња и лименки , а другиот е    отворен   и наменет за   депонирање на останат ситен отпад.    

OhridNews