На големиот градски плоштад во Охрид со почетокот на туристичката сезона, календарски барем, стартуваше и “натпреварот“ во кичерај во кој бројот на актери секојдневно се зголемува. Деновиве во вечерните часови главна атракција е група блех музичари кои ги надгласуваат околните кафулиња и новиот лед дисплеј. Околу нив се забавуваат минувачи, но на околните тераси може да се забележи видна нервоза кај посетителите. „Фалат само уште сватови“-можеше да се чуе од гостите на кои блех музиката не им легна. Туристичката сезона во Охрид ја чекаат сите. Тaа е шанса да се заработи нешто за живот, но треба да има ред. Тие кои треба да го воведат веројатно деновиве не прошетале низ центарот на Охрид, каде и покрај најавите на градските власти повторно може да се забележи урбана опрема и тезги на кои таму не им е местото.


OhridNews